Менаџерот на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема да го води тимот од клупата во првата средба од групите на Лигата на шампионите следната сезона. Дисциплинската комисија на УЕФА го санкционира тренерот два натпревари, вториот е условно.
Пеп е казнет откако за време на реваншот од четвртфиналето против Ливерпул беше избркан на трибините поради расправија со судијата Антонио Матеу Лаос.
Тогаш Гвардиола бурно реагираше дека судиите неправилно поништија гол на Сити, со што резултатот ќе беше 2:0 во корист на „граѓаните“ при пораз со 0:3 во првиот дуел.
Подоцна во мечот, тимот на Пеп дозволи два гола за конечни 1:2 и елиминација.