Велосипедист на возраст од 69-години настрада во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 19.15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, поточно кај селото Пеширово.
Во него удрил автомобил „голф“ кој го управувал 35-годишен жител на Свети Николе.
Велосипедистот, кој е негов сограѓанин, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.