Угостителите бараат ред во наплатата на надоместокот за музика

Здруежнието, како што информира денеска на прес-конференција Даниела Михајловска од Комората, очекува со новите измени на Законот за авторско право и сродните права да се стави ред во зафаќањата од приходот на угостителските објекти за користење на музиката од страна на Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) и да се обезбеди отчетност на организацијата.

375

Реално утврден тарифник за плаќање за користење музика, утврдување кој точно ќе плаќа кога настанот не го организираат угостителските објекти, како и ослободување од плаќање на тарифата кога се организираат хуманитарни настани, бара Здружението на угостителсство и туризам при Стопанската комора.

Здружението, како што информира денеска на прес-конференција Даниела Михајловска од Комората, очекува со новите измени на Законот за авторско право и сродните права да се стави ред во зафаќањата од приходот на угостителските објекти за користење на музиката од страна на Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) и да се обезбеди отчетност на организацијата.

– Моментално 25 отсто од годишните приходи што ги остварува ЗАМП се од хотелите и рестораните, но не се знае каде завршуваат тие пари. Според сегашните правила, 4 отсто од приходот на угостителските објекти од свадби и 9,6 отсто од организирање на матурски вечери и други свечености одат за ЗАМП. Хотелите се обврзани да плаќаат и дополнителни 20 денери за музика по ноќевање за гостите. Сето тоа прави висок трошок за овие објекти што е еднаков на плаќањето ДДВ нереално во однос на приходите кои ги создаваат – вели Михајловска.

Според неа, нереално е и тоа што хотелите и рестораните се обврзани да ја плаќаат давачката за музика и кога изнајмуваат само сала за хуманитарна манифестација како и за свадби и други свечености за кои и не ангажираат никаква музика.

– Реално би било, што е и барање на секторот, за организирање хуманитарни настани угостителите да бидат ослободени од обврската, додека пак обврската за свадби и други манифестации што ги организираат клиентите да ја имаат организаторите или изведувачите на музиката. Тоа може да се регулира така што би се намалил трошокот на угостителските објекти. Значи, угостителите треба да плаќаат надомест само кога се тие организатори на манифестации, бидејќи во другите ситуации само го отстапуваат просторот и даваат угостителски услуги и немаат никаква допирна точка со користењето на авторските и сродните права – вели Михајловска.

Угостителите забележуваат и на фактот што нема еднаков третман на објектите при наплаќање на тарифата.

– Постои несоодветност во зафаќањата. Нашите членки плаќаат, но постојат 1.300 регистрирани угостителски објекти, а сепак нема информација колку се наплаќа од нив – вели Михајловска.

Угостителите, вели таа, очекуваат во измените на Законот да се утврди обврска за јавност каде се користат парите кои се зафаќаат од нивниот приход.

– Бараме да се оневозможи организацијата за колективно управување со авторските права и сродни права да заработува на сметка на угостителите преку камати и вложување на парите во банка и други приходи бидејќи овие организации се непрофитни. Основна цел за која се формира, постои и функционира организацијата, е заштита на авторските и сродните права и прибирање и распределба на надоместоците од користењето на тие права во име на нивните носители, а не остварување на приходи по кој и да било основ – вели Михајловска.

Хотелите и рестораните предлагаат во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, од месец март 2018 година кои се однесуваат на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права да ѝ се додаде надлежност таа да дава мислење по Предлог-тарифата.

– Истовремено, од големо значење е што во Законот се внесува неопходноста, основите за определување на надоместоците за користење на авторските дела и предметите на сродните права, да бидат издржани и прецизни и да кореспондираат со реалните економски состојби во Република Македонија и целосно да се хармонизираат со Директивата 2014/26/EC – вели Михајловска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...