УВ ламбите 50 минути го прекинаа гласањето во Струмичко

168

Ова на денешната прва прес-конфернеција го соопшти извршниот директор на ГА МОСТ Дарко Алексов.

Тој информира дека досега регистрирале два случаја. Првиот се однесува на гласачкото место 0631 во село Прибилци во општина Демир Хисар, каде на влезот во објектот каде е сместено гласачкото место има графит со навредлива содржина.

– На гласачкото место 1767 во село Рич, општина Струмица гласањето било прекинато во период од 50 минути затоа што УВ-лампите не функционирале. По интервенција на ОИК гласањето продолжило во 8:30 часот – рече Алексов.

Тој ги повика граѓаните доколку забележат евентуални нерегуларности или, пак, сакаат да дадат информации поврзани со процесот тоа да го сторат на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Тој најави дека потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе ги соопшти во уште три наврати, во 11:15 часот, во 17:15 и во 19:15 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите.

МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број на гласачки места во Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...