Убијците кои расекоа тинејџерка и ѝ го зедоа бебето се појавија на суд (ВИДЕО)

Истиот ден кога Марлен исчезнала, Клариса повикала Брза помош и рекла дека се породила дома, но дошло до компликации. Таа тврдела дека бебето се вика Ксандер Ксавиер Бобак. Полицијата потоа дознала дека Клариса имала син кој загинал на 20-годишна возраст и се викал Ксандер.

444
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Почна судењето за бруталното убиство на 19-годишната Марлен Очоа Лопез, за кои се осомничени 46-годишната Клариса Фигера, нејзиниот 40-годишен партнер Пјотр Бобак и нејзината 24-годишна ќерка Дезире. Тројцата изјавиле дека не се виновни.

Тинејџерката била бремена кога се јавила на оглас за поклонување на детска облека. Кога отишла во куќата на осомничените била брутално убиена, расечена, а детето извадено од неа.

Бебето било живо две недели, а осомничените го однеле во болница и тврделе дека тоа е нивниот син, пишува Дејли мејл.

Клариса планирала да го израсне детето како да е нивно. Меѓутоа, поради компликации, одлучила со ќерката Дезире да го одведе бебето во болница.

Кога се дознало чие е детето, вистинскиот татко веднаш стигнал во болницата, но момчето не издржало.

Убиената со нејзиниот сопруг била во брак од 2016 година, а имале и 3-годишен син.

Истиот ден кога Марлен исчезнала, Клариса повикала Брза помош и рекла дека се породила дома, но дошло до компликации. Таа тврдела дека бебето се вика Ксандер Ксавиер Бобак. Полицијата потоа дознала дека Клариса имала син кој загинал на 20-годишна возраст и се викал Ксандер.

Иако Клариса не покажала никакви знаци на жена која само што се породила, тоа на никој не му било сомнително, пишува Си-Ен-Ен.

Случајот бил решен благодарение на пријатели на жртвата, кои кажале дека Очоа Лопез пред да исчезне се слушнала со Клариса на Фејсбук. Осомничените Клариса и Дезире признале дека биле во контакт со Марлен, но ништо повеќе од тоа. Кога се докажало со ДНК дека новороденчето не е на Клариса, полицијата со претрес се појавила пред куќата на семејството.

На Фејсбук се појавила и шокантна фотографија од Клариса во болница, додека лекарите биле уверени дека бебето е нејзино. Имено, Клариса го сокрила телото на Марлен и повикала Брза помош. На нејзиниот профил на друштвените мрежи се гледало дека бруталното убиство и земањето на бебето било планирано со месеци.

Осомничен е и партнерот на Клариса, кој наводно случајно се нашол во куќата за време на убиството, одбил да учествува во злосторството и побегнал.


ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...