Убиството во Диво Насеље е ескалација на тепачка на 11 лица од две семејства

1185

Вчерашната престрелка во населбата Диво Насење во Куманово во која беше убиено едно лице е исход од претходно настанатана тепачка помеѓу две семејства. Пет лица од едно и шестмина од друго семејство учествувале во тепачката, во која било пукано со пиштол шри што 57-годишен маж бил ранет, соопшти полицијата.

Како што е веќе познато, тој бил пренесел во Клиничкиот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите. Еден од учесниците во тепачката,пак, е прободен со нож, а уште неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети.

За настанот со соопштение се огласија и од обвинителството.

– Синоќа околу 18.30 часот, припадници на едно од семејствата се движеле по улицата Тоде Мендол во близина на маркетот „Арди“ во Куманово. Во тој момент биле пресретнати од припадници на второто семејство по што започнала физичка пресметка меѓу нив – наведуваат оттаму.

Тројца од учесниците во тепачката сами се пријавиле во полиција, а петмина се приведени.

– Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка – соопштија од полиција.

Од обвинителството, пак, велат дека постојат сомненија оти во настанот учествувале уште неколку други лица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...