Пар удавил бездомничка во својата када, пред да се ослободи од нејзиното тело во канти за ѓубре, па да ги земе нејзините пари, пренесува „Метро“.
Телото на Лиса Бенет, која исчезна по нејзиниот 39. роденден во 2013 година, беше најдено во парчиња во повеќе канти.
Кетлин Салмон, која сега е најчесто во кревет или во инвалидска количка, заедно со нејзиниот партнер, Кевин Фланаген, се обвинети дека ја убиле Бенет во нивниот стан во Велика Британија на 9 мај 2013 година. На убиената ѝ било кажано дека тоа е нејзината последна вечера.
Братот на Флананген, Џозеф го пријавил случајот во полиција во ноември 2014 година.
Во судот во Велика Британија било кажано дека по исчезнувањето на бездомничката, Салмонд се јавила во пензиската служба и се претставила како Бенет, барајќи да се префрлат 230 фунти на нејзина сметка. Според Обвинителството, Фланаган од мобилниот телефон на Бенет напишал порака до нејзината мајка. Целта му била да ја увери дека Бенет е уште жива.
Во судот беше кажано дека парот смирено кажал дека Бенет е здрава и жива, па било побарано нејзини пари да бидат префрлени на сметка на Салмонд. Наводно, двајцата им кажале на полицајците дека новото момче на Бенет ќе ги зема парите секоја недела за неа. Момче, за кое Обвинителството тврди дека не постои.
Било спомнато и тоа дека Бенет била зависничка од дрога и алкохол, а не била видена откако зела препишан хероин од аптека.
Четириесетгодишната Салмонд и една година помладиот Фланаган велат дека се невини и дека не ја убиле Бенет.
Салмонд, која се појави преку видео линк од нејзиниот кревет, негира и дека зела пари помеѓу 8 и 31 мај 2013 година, нешто што Фланаган го призна.
Судењето продолжува.