Убиецот на сопругата од Белград се брани со молчење

244
ФОТО: Владимир Шпорчиќ / Курир.рс

Бошко С. кој е осомничен дека ја убил сопругата Јелена во семејниот стан во Белград, бил приведен на сослушување.

Тој одлучил да се брани со молчење.

Како потенцијален мотив за убиството во медиумите се наведуваа долговите во кои семејството заглибило.

Како што беше пренесено, тој со нож ја убил сопругата, додека децата биле во другата соба. По убиството ја повикал својата сестра и признал што направил, па си ги исекол вените. Екипата на брзата помош го пронашла безживотното тело на Јелена, а тој бил префрлен во болница, од каде вчера бил пуштен.

ФОТО: Владимир Шпорчиќ / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...