Маж облечен во црно, со качкет на главата, висок околу метар и 80 сантиметри. Според очевидци вака изгедал осомничениот за убиството на познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, кој вчера беше убиен пред својот дом во Белград.
Според сведоците, убиецот по пукањето се качил во автобус и избегал.
-Напаѓачот побегна на автобуска станица и влезе во автобус – тврдат жители на улицата „Антифашистичката борба“ во Нов Белград.
Во пресудниот момент со Огњановиќ бил и неговиот син, 26-годишниот Петар, кој бил ранет во пукањето. Очевидци влеат дека адвокатот починал во негови раце.
-Кога излегов го видов Петар како седи, а во раце го држи татка си припиен на гради. Повторуваше „тато, тато“. Набрзо дојдоа полицајци и лекари, но можеа само да констатираат смрт – вели очевидец за српските медиуми.
Соседите слушнале неколку истрели. Синот на Огњанович, Петар, е повреден во десната рака.