При пукање во Салцбург, Австрија, убиен е 46-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, додека неговиот 24-годишен син е ранет.
На пукањето му претходела расправија пред локален ресторан на момчето и засега непознат маж.
Таткото излегол од ресторанот и се обидел да му помогне на својот син, кога напаѓачот пукал два пати.
Тој на лице место бил убиен, а синот однесен во болница.
Полицијата трага по убиецот.