Убиен в ќелија еден од најлошите педофили во Британија

480

Еден од најлошите педофили во Британија, кој злоставувал над 200 малезиски деца, е избоден до смрт во затвор, пренесува „Метро“.

Според полициски извори, Ричар Хакл е убиен во својата ќелија во затворот близу Јорк.

Хакл, кој инаку е од Кент, имал над 20.000 фотографии и видеа од своите злоставувања.

Во 2016 година тој доби 22 доживотни казни затвор откако призна 71 обвинение за сексуално злоставувани деца на возраст од шест месеци до 12 години, во период од 2006 до 2014 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...