Убиено е 27-годишно момче во Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми.
Полицијата излегла на терен во близина на местото на убиството, го нашла и го уапсила Р.Ф. (роден 1974 година), кој околу 22.15 часот му го одзел животот на момчето.
Како што се дознава, осомничениот ѝ бил познат на полицијата од порано.
Истрагата продолжува, засега нема повеќе детали.