Убиени 10 припадници на мировна мисија на ОН во Мали

288

Џихадисти поврзани со Ал Каеда убиле 10, а повредиле најмалку 25 припадници на мировна мисија на Обединетите Нации (ОН) во северниот дел на Мали, соопштија ОН.

Станува збор за еден од најсмртоносните напади врз припадници на мировна мисија на ОН во последните неколку месеци.

Сите припадници на мировната мисија на ОН, кои биле убиени во напад врз нивниот камп во село во северениот дел на Мали, биле од Чад, стои во соопштение на портпаролот на генералниот секретар на ОН.

Тој остро го осуди нападот, истакнувајќи дека тоа би можело да претставува воено злосторство.

Во соопштението се наведува и дека припадниците на мисијата на ОН силно одговориле на нападот и убиле неколку напаѓачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...