Убиени четири лица, опколен напаѓачот во Стразбур

253

Француската полиција го опколи напаѓачот, кој е во престрелка во Стразбур, во близина на Божиќниот базар, уби најмалку четири лица, а повредени се 11, вели извор близок до истрагата.

Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото.

Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот се уште не е утврден.

Париското обвинителство ќе почне истрага за пукањето во центарот на Стразбур како да се работи за терористички напад.

Обвинител, кој е задолжен за противтерористички истраги, ќе допатува во Стразбур, соопшти неговата канцеларија.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, додаде дека напаѓачот претходно и бил познат на полицијата и имал досие. Локалните власти велат дека тој од порано го свртел на себе вниманието на  разузнавачките служби.

Затворен е и Европскиот парламент, а на персоналот му е наредено да остане во просториите на Парламентот.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани рече дека центарот на градот „не е безбеден”, а пратениците кои останале таму, треба да знаат, дека ќе биде формиран конвојот со француска полиција, кога тоа ќе биде можно.

– Невозможно е да се оди во центарот без тој конвој – рече претседателот на Европскиот парламент.

Градоначалникот на Стразбур објави ден на жалост по нападот во градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...