Деветнаесет недели во 2019 година, а веќе има 15 училишни пукотници во САД, во кои некој бил повреден или убиен.
Тие се случија низ целата земја, од Џорџија до Калифорнија, во основните и средните училишта, како и колеџите и универзитетските кампуси.
Бидејќи не постои единствена дефиниција за она што се квалификува како „училишна пукотница“, Си-ен-ен ги поставува следните параметри:
– Пукањето мора да вклучува најмалку едно лице да биде застрелано (не вклучувајќи го и стрелецот).
– Пукањето мора да се случи на училиштен имот, кој вклучува, но не е ограничено на, згради, спортски терени, паркинзи, стадиони и автобуси.
Ние го вклучивме и случајното стрелање од огнено оружје, во случаи кога се исполнети првите два параметри, освен во случаите кога единствениот кој пукал е полициски службеник или лице од обезбедувањето.
Ние вклучивме повреди здобиени од ловечко оружје, бидејќи Комисијата за безбедност на производите за потрошувачка ги идентификуваше како потенцијално смртоносни.
7 мај: Савана, Џорџија
Еден студент на Државниот универзитет во Савана бил застрелан во станбен објект во кампусот и пренесен во болница. Училишните претставници не објавија никакви информации за состојбата на жртвата.
7 мај: Хајленд Ранч, Колорадо
Еден студент почина, а осуммина беа повредени во пукањето во полициската школа во Хајленд Ранч. Двајца осомничени, студент и студентка, се притворени.
4 мај: Јуџин, Орегон
Еден 21-годишен маж починал од прострелна рана откако бил застрелан пред зградата на братството на Универзитетот во Орегон. Жртвата не била поврзана со универзитетот.
30 април: Шарлот, Северна Каролина
Маж вооружен со пиштол отвори оган на последниот ден од наставата на Универзитетот во Северна Каролина во Шарлот, при што загинаа две лица, а беа повредени четири други – тројца од нив во критична здравствена состојба. Убиецот, 22 години, бил поранешен студент.
1 април: Прескот, Арканзас
Ученик од 8 одделение застрела друг ученик од осмо одделение во ходникот во средното училиште во Прескот. Момчето кое беше застрелано е примено во болница. Училишниот округ соопшти дека пукањето најверојатно е напад со предумисла.
27 март: Холмс, Мисисипи
Десетгодишен ученик што се возел училишниот автобус од основното училиште во округот Холмс бил повреден откако бил погоден од куршум во левата рака. Не е познато од каде дошол куршумот. Петтоодделенецот рече дека друг ученик во автобусот го застрелал, но училишните власти соопштија дека автобусот бил цел на пукање од возило во движење.
7 март: Гремблинг, Луизијана
Пиштол случајно истрела во студентски дом во Грамблинг, повредувајќи еден студент.
26 февруари: Монтгомери, Алабама
Седумнаесетгодишен ученик во средното училиште Роберт Е. Ли бил застрелан во раката додека бил во спортската сала на училиштето. Повредата на ученикот не беше животозагрозувачка. Осомничениот, кого полицијата не го именуваше, е малолетник и најверојатно негов соученик.
12 февруари: Канзас сити, Мисури
Петнаесетгодишно девојче беше застрелано пред Централната академија на извонредност за време на кошаркарски натпревар. Полицијата соопшти дека жртвата се расправала со две лица за време на натпреварот. Осомничените, на возраст од 18 и 21 година, по расправата со девојчето биле избркани од натпреварот и наводно ја застрелале ученичката кога таа ја напуштила зградата, набрзо по кавгата.
8 февруари: Балтимор, Мериленд
Членот на персоналот во средно училиште Фредерик Даглас беше сериозно повреден откако 25-годишен маж влезе во училиштето и го застрела. Стрелецот е член на семејството на жртвата, соопшти полицијата.
31 јануари: Хамбл, Тексас
Еден 16-годишен ученик беше застрелан во средното училиште Атаскокита додека се обидувал да купи марихуана од 17-годишен ученик. Застреланиот ученик немал повреди кои се животозагрозувачки, а полицијата го идентификувала стрелецот откако објавил за инцидентот на неговиот Снепчет.
31 јануари: Мемфис, Тенеси
Четиринаесетгодишен ученик во средното училиште Манасас е хоспитализиран откако во училиштето бил застрелан. Беше испратен во болница за повреди откако тој беше застрелан со воздушна пушка.
30 јануари: Литонија, Џорџија
Еден човек беше повреден откако беше застрелан пред средното училиште Милер Гроув по училишните часови. Жртвата, која не е ученик, трчала на училишната патека, кога видел дека некој се обидувал да го обие неговото возило. Кога се соочил со криминалецот, тој бил застрелан.
25 јануари: Мобил, Алабама
Двајца мажи, на возраст од 17 и 20 години, влегле во расправа пред средното училиште В.П Дејвидсон што доведе до размена на оган. Двајцата беа повредени. Најмалку еден од мажите не бил ученик во училиштето, рече директорот.
7 јануари: Белмонт, Калифорнија
Седумнаесетгодишен средношколец беше фатално застрелан пред Централното основно училиште. Полицијата соопшти дека жртвата го знаела нејзиниот напаѓач и дека не станува збор за случајност.