Убиени две момчиња на роденденска забава во Британија

Едниот тинејџер го изгубил животот на лице место, додека другиот им подлегнал на повредите во болница.

254
ФОТО: Метро / Фејсбук

Двајца тинејџери се убиени во британскиот град Милтон Кејнс. Жртвите се идентификувани како 17-годишните Бенџамин Рајс и Доминик Ансах, за кои полицијата тврди дека најверојатно се познавале, пренесува „Метро“.

Момчињата биле убиени околу полноќ за време на приватна забава во куќа. Според зборовите на инволвирани лица, станувало збор за роденденска прослава. Едниот тинејџер го изгубил животот на лице место, додека другиот им подлегнал на повредите во болница.

За време на инцидентот повредени биле уште две момчиња, на возраст од 17 и 23 години. Нивните повреди се сериозни, но не се опасни по живот.

Според полицијата, на забавата имало од 15 до 20 гости, кои најверојатно сите се знаеле меѓусебно. Една сосетка кажала оти слушнала врескање за време на убиствата, но не видела ништо.

ФОТО: Метро / Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...