Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, за кого се јави дека е убиен во Киев, е здрав и жив. Бабченко попладнево се појави на прес конференција на украинската државна телевизија. Шефот на украинската безбедносна служба Васил Хритсак рече дека „убиството “ било исценирано за да се разоткријат руски агенти.
– Според информациите кои ги добивме, убиствотот на новинарот Бабченко било нарачано од самитите руски безбедносни сили – вели Хритсак.
Сопругата на Бабченко претходно рече дека нејзиниот сопруг е убиен од зад грб додека го напуштал станот. По се изгледа дека новинарот не и кажал на сопругата дека убиството е исценирано.
– Посебно и се извинувам на сопругата -, рече Бабченко.