Шеесет и деветгодишниот Драгољуб Трајиловиќ го убил мажот на својата внука од брат, која поради семејно насилство нашла засолниште во неговиот дом.
Четириесет и петгодишниот Срѓан Ачимовиќ Чела пред да трагедијата отишол кај убиецот за да се смири со сопругата, која го напуштила поради малтретирање.
Како што дознава „Курир.рс“, тој пијан влегол во дворот и прво вербално, а потоа и физички ги нападнал сопругата и нејзиниот стрико.
– Почна да вика и да го извикува името на жената, барајќи да се врати дома. Ја нападна. Во еден момент се соблече гол и почна да трчи по дворот, постојано провоцирајќи и пцуејќи. Драгољуб не можеше да го гледа тоа, па се вмеша. По расправијата, влезе во домот, го зеде пиштолот, кој легално го поседува, па го изрешета Срѓан – рекол соседот.
Според зборовите на мештаните, убиениот во селото бил познат по ужасното однесување. За него речиси никој немал пофални зборови.
– Срѓан и внуката на Драгољуб имаат двајца синови. На Срѓан ова му е втор брак. Првата жена, со која има син, го остави поради малтретирање. Тој син се откажа од татко си – рекол познајник.
Но, насилството не завршувало тука. Срѓан ги тепал и родителите.
– Пред неколку години сакаше да го убие родениот татко. Човекот брзо потоа имаше мозочен удар и сега е инвалид – рекол познаникот.
Соседите рекле дека ќе почнат петиција за Драгољуб да се ослободи од притвор.
– Ако ме прашате мене, не би му дал ни ден да лежи во затвор. Човекот не можеше да го трпи малтретирањето, а својата внука ја гледаше како ќерка бидејќи нема свои деца. Срѓан не беше нормален. Ги собиравме децата од улица кога тој ќе поминеше. Неколку пати од чиста мира земаше мотика и го удираше својот автомобил – рекол сосед.
ФОТО: Курир.рс / Јелена Рафаиловиќ