Убиениот во Салцбург бил на прослава за раѓањето на внучето

800
ФОТО: Фејсбук

Убиениот Самир Халкиќ и неговиот повреден син Џенис Халкиќ славеле во кафуле по повод раѓањето на второто дете на Џенис.

Еден од гостите, локален мештанин, почнал да ги навредува, па пред локалот извадил пиштол и пукал кон нив.

Насилникот прво му удрил шамар на Џенис, а за да ги реши несогласностите со човекот кој таа вечер за првпат го видел, го повикал таткото Самир и заедно излегле пред локалот.

Еден од куршумите го погодил Самир во ногата, а другиот во срце, што за него бил кобен бидејќи во истиот момент паднал на земја и починал. Еден куршум го погодил Џенис, но тој веднаш бил префрлен во најблиската болница и сега неговата состојба била стабилна.

Напаѓачот пешки побегнал во непознат правец и полицијата од вторникот интензивно го бара.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...