Компанијата за превоз, достава на храна и патна инфраструктура Убер на конференцијата Убер Елевејт во детали го претставила својот проект на воздушно такси Убер-аир, пишува НБЦ Њуз.
Според најавите, Убер во 2020 година ќе почне со тестирање на воздушниот превоз во американските градови Далас и Лос Анџелес. Услугата би требало да биде комерцијално достапна во 2023 година.
– Кога станува збор за иднината на превозит, сметаме дека градовите ќе се свртат кон воздухот и ние тоа можеме да им го овозможиме – рекол директорот на Убер, Дара Косровшахи за ЦБС Њуз.
Од Убер велат дека нивното воздушно такси вертикално ќе полетува и слетува како хеликоптер и дека за разлика од хеликоптерите ќе биде хит. Леталото ќе може да достигне брзина од 240 до 320 километри на час и ќе може да помине максимална далечина од 100 километри. Леталата ќе летаат на висина од 300 до 600 метри над земјата.
Леталото ќе изгледа како предимензиониран дрон. Во леталото ќе може да се возат четири патници и полот.
Летањето со Убер-аир на поичеток ќе чини 5.73 американски долари по патничка милја, но ќе работата на тоа конечната цена да биде 0.44 долари по милја.
Патниците ќе ги повикуваат летовите преку апликација, а во леталото ќе се качуваат на посебни локации Уберов хелиодром.