Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот клупски куп. Вчерашниот меч од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите. Алкалоид со четири победи и две реми дојде до резултат 5:1 против екипата Итака од Србија.
Цел поен за „фармацевтите“ освоија: Ковалев, Шанкланд, Криворучко и Мамедјаров, додека ремизираа Андреикин и Инаркиев.
По одиграни четири кола, само четири екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални осум бода, а потоа следи група со шест бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.
Во петтото коло, Алкалоид попладнево за противник ја има екипата на Цирих од Швајцарија.