Убавицата од Јужна Африка е новата Мис Универзум ФОТО+ВИДЕО

Зозибини Тунзи на церемонијата одржана синоќа се истакнала во сите фази од натпреварувањето,

714

Јужноафриканката Зозибини Тунзи е крунисана за Мис Универзум 2019 година, на церемонијата во Атланта, САД.

Таа на церемонијата синоќа се истакнала во сите фази од натпреварувањето, од костими за капење до вечерни тоалети, но и објаснила зошто таа е вистинскиот избор, пренесува Си-ен-ен.

Таа е прва црномуреста Мис на универзумот (овој натпревар е различен од Мис на светот), но и прва победничка од територијата на Африка.

– Пораснав во свет каде жената која изгледа како мене, со мојата кожа и мојата коса, никогаш не беше сметана за убава. Мислам дека е време тоа денес да престане. Сакам децата да ме гледаат и да го видат моето лице и сакам да ги видам нивните лица одразени во моето – изјавила Тунзи на церемонијата.

За прва и втора придружничка се прогласени Мис Мексико и Мис Порторико.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...