Убавицата од серијата „Изгубени“ ја избричи главата и објави снимка на Инстаграм ФОТО+ВИДЕО

Иако обожавателите не биле воодушевени од тој потег на актерката, нејзините пријатели ја поддржаа.

838

Убавата актерка Евангелина Лили е позната по совршената насмевка и раскошната коса, поради што своевремено се појави и во рекламна кампања на француската компанија „Л’Ореал“.

Но, деновиве, убавата 40-годишна актерка ги шокираше фановите со драматична промена на имиџот. Ѕвездата на хит ТВ-серијата „Изгубени“ на Инстаграм објави видео во кое најпрво ги исече бујните кадрици, а потоа целосно ја избричи главата.

„Зошто?!? Те молам, не! Се надевам дека ова е шега!“, коментираа шокираните обожаватели, надевајќи се дека 40-годишната Евангелина ја скратила косата за нова улога, што актерката досега ниту потврди, ниту негираше.

Иако обожавателите не биле воодушевени од тој потег на актерката, нејзините пријатели ја поддржаа: „Храбар потег, секоја чест, сега си како Г.И. Џејн! Сè уште сте совршени! Добра жена како тебе е добра!“, на крајот се согласија повеќето следбеници на актерката.

 

 

View this post on Instagram

 

#homecut (swipe) Stop or keep going?? (For those of you that follow me on @thesquickerwonkers…you already know. 😉🤙🏼)

A post shared by Evangeline Lilly (@evangelinelillyofficial) on

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...