Полицијата во Орландо во септември минатата година уапси шестгодишно девојче. Сега таа и нејзините родители ги изнесоа деталите во интервјуто за локалниот весник „Орландо сентинел“.
Каја Рол, ученичка во прво одделение, удрила тројца работници во училиштето поради што полицијата ѝ ставила лисици.
– За што е ова? – прашува шестгодишното девојче, на што полицијците му одговараат:
– За тебе.
– Не, не ми ставајте лисици – се слуша на снимката на кое девојчето плаче и моли полицијците да ја пуштат. Полицајците ја одвеле во службенот атомобил и ѝ велат да седе.
На снимката не се гледа ниту еден работник во училиштето кој би се обидел да го запре апсењето на шестгодишното девојче. Полицијата го привела девојчето и додала дека доколку била поголема, таа ќе носела вистински лисици.
Утредента, обвинението против девојчето било отфрлено.
Мералин Киркланд, нејзината баба, рекла дека се надева дека луѓето, откако ќе ја погледнат снимката, ќе поддржат предлогот за измена на законот според кој лицето кое се приведува мора да има најмалку 12 години.
– Знаев дека тоа што го направија е погрешно, но не знаев дека молела за помош. Ја гледав снимката, скршена сум – додала бабата на Каја.