Дваесет и осумгодишник е уапсен на автопатот Велес-Скопје поради криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска околу 00.15 часот во СВР Велес бил лишен од слобода И.М.(28) од село Марвинци, Богданци, кој при редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје бил запрен додека управувал товарно моторно возило „ивеко’’ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.