Уапсен е 25-годишен возач, во возилото му нашле 79 мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 12,15 часот од страна полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ со полициски службеници од Р.Унгарија, во Гевгелија на место викано „Касарна“, сопрено било товарно моторно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ќ.(25) од Богданци-Стојаково. По извршената проверка било утврдено дека возилото било сопственост на И.С.(32) од Скопје. Во возилото биле пронајдени 79 лица- мигранти, а возачот на возилото бил лишен од слобода за натамошна постапка – велат од МВР.