Уапсен скопјанец кој шверцувал 30 мигранти во камион, а претходно дилал дрога

За М.О. од скопско Зелениково било констатирано дека се бара за издржување казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

167

Во индустриска зона во село Василево вчера околу 18.00 часот е лишен од слобода М.О.(41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијата пронашла 30 лица мигранти.

Како што денеска соопшти МВР, М.О управувал со товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени лица мигранти и тоа 29 од Авганистан и еден од Пакистан.

Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...