Уапсен скопјанец кој шверцувал мигранти

70

Вчера во 21.30 часот на автопатот Гевгелија- Неготино, кај мостот Клисура, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(47) од Скопје.

При контрола на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан и Пакистан. Возачот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Неготино за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...