Полицијата синоќа во 21 часот во Струга приведе и лиши од слобода е едно лице од Охрид под сомнение дека го извршило убиството на Б.П. (47) од охридското село Велгошти.
Полицијата соопшти дека во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.
Б.П. беше убиена синоќа во во нејзината куќа на улицата Илинденска во охридското село Велгошти.