Тајландската полиција уапсила Италијанец осуден на осумгодишна затворска казна во Италија, бидејќи го користел името на познатиот актер Џорџ Клуни за да ги натера луѓето да инвестираат во неговата непостоечка компанија за облека.
58-годишниот Франческо Галдели бил уапсен во саботата во Патаја, под сомневање за илегален престој во земјата, заедно со Вања Гофи (45) поради сомневање дека нејзината виза е истечена.
Потерница за Галдели била издадена од Интерпол.