Уапсен крадец кој обивал автомобили во Скопје

183

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Б.(45) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „кражба“, предвидено и казниво согласно член 235 од КЗ на РМ, со што се стекнал со противправна имотна корист од 190.000 денари.

Двете кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на пријавителите, при што од две возила одземал чанта и паричник и со мотоцикл го напуштил местото на настанот.

Кривичните дела се извршени на 17 август годинава, во периодот од 10,50 до 11,10 часот на улица „15-ти Корпус“ во Скопје. Во првиот случај од товарно моторно возило „Рено“ пријавениот одзел чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6.000 денари. Второто кривично дело е извршено кога од патничко моторно возило „Мазда“ одзел паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58.000 денари.

По преземени мерки, пријавениот на 30 август е лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...