Во село Џепчиште-тетовско, вчера во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по наредба за претрес од Основен Суд-Тетово, бил извршен претрес во домот на А. С. (61), при што биле пронајдени и одземени 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје.
А.С. бил лишен од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок.