Вчера попладне во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во село Ботун, охридско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Б.С.(55) од Охрид запалил ѓубре во дворното место, а огнот се проширил и зафатил електричен столб, сопственост на ЕВН. Б.С. бил лишен од слобода и задржан во СВР Охрид за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Уапсен жител на Ботун – палел ѓубре во дворот, па запалил и електричен столб
loading...