Уапсен е заканувачот на премиерот Заев

5819

Тетовската полиција го уапси Жарко Гроздановски, „лидер” на организацијата „Христијанско братство“, кој со видеоснимка објавена на социјалната мрежа фејсбук му се закануваше на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, јави 24 Вести.

Од МВР велат дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...