Уапсен државјанин на Канада обвинет оти крадел државни тајни на Кина

264

Кина денеска обвини уапсен државјанин на Канада, дипломатот Мајкл Ковриг за кражба на државни тајни кои претходно му ги предал уапсениот канадски бизнисмен Мајкл Спавор.

Деталите за случајот ги соопшти Комисијата за централни политички и правни работи.

Бизнисменот Спавор и поранешниот дипломат Ковриг беа затворени на почетокот од декември, веднаш по апсењето на финансиската директорка на Хуавеј Менг Ванжу, која ќе биде екстрадирана во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...