Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество

1423

Утворово е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, говорат неофицијални извори од истрагата.

Тој, според првичните информации, е уапсен поради земање провизија за тендер. Случајот е за делото злоупотреба на службената положба, а го води обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чело со обвинителката Вилма Русковска, од каде за кратко време најавуваат официјално соопштение.

Јахија е од редовите на ДУИ, а на функцијата се наоѓа од 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...