– Сомнежите се дека возачот на транспортното возило, поради технички причини, навлегол со возилото во правец на центарот на градот, при што ланчано удрил во еден пешак, 10 возила и еден трактор. Полицијата во врска со случајот уапси две лица – изјави Хашани.
Косовските медиуми објавија аматерски видео-снимки од несреќата, на кои се гледа како камион, сопственост на косовска фабрика за минерална вода, со голема брзина се движи низ фреквентна зона во центарот на градот, при што, без да ја намали брзината, се судира со повеќе објекти и возила, предизвикувајќи една жртва и повеќе повредени, како и големи материјални штети.