Уапсено момче за убиството во населбата Даме Груев

432

Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.П.(25) од Скопје, поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од КЗ на РМ.

Како што информира МВР, на 28. декември годинава околу 21:30 часот на улица „Шарпланинска“ во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „Црвена застава“ испукал два патрона во Н.Д.(38) од Скопје, кој седел во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ и го убил. Пријавениот потоа ја ставил пушката во возило „пежо 106“, со кое бил дојден, и го напуштил местото на настанот.

Пријавениот појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28. декември во 21:00 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати 22. и 27. декември му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле.

Пријавениот С.П. е лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...