Пред јавен обвинител претпладнево ќе бидат изведени 22 анархисти кои вчера беа уапсени за двата инциденти во Солун- едниот за упадот во турскиот конзулат, другиот на шалтерот на „Туркиш ерлајнс“ на солунскиот аеродром, jави дописничката на МИА од Атина.
Во првиот инцидент биле приведени 12, а во вториот 10 лица. И зад двата упади стојат анархистичките групи „Иницијатива за слобода од Солун“ и „Рубикон“, кои ја презедоа одговорноста, објаснувајќи дека биле во знак на солидарност за Курдите и против турската операција во Сирија.
Првиот упад беше во дворот на Конзулатот на Турција во Солун, што наиде на осуда од Министерството за надворешни работи на Грција, а вториот неколку часа подоцна на солунскиот аеродром во делот каде што се канцелариите на турската авиокомпанија.