Уапсени тројца арачиновци за тешка кражба

143

Полицијата синоќа во 22.20 часот ги привела Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од скопското село Арачиново, затоа што околу 21.40 часот на ул.„Трајко Китанчев“ извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле патничкото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки во кое биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети.

Од МВР денеска информираат дека биле пронајдени и прашкаста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефони.

Лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...