Група новинари од американско-шпанскиот канал „Јунивижн“ се уапсени во текот на вчерашниот ден за време на интервју со венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Тие денеска ќе бидат депортирани во нивните земји, соопшти телевизискиот канал.
Според „Јунивижн“, на Мадуро не му се допаднале прашањата што му ги поставиле новинарите. Поради тоа, го прекинал интервјуто и наредил сите запишани материјали, мобилни телефони и телевизиска опрема да бидат запленети два часа.
Националниот новинарски сојуз на Венецуела соопшти на Твитер дека информацијата за депортирањето на новинарите е потврдена.
– Миграциските власти пристигнаа во хотелот и ги информираа (новинарите) дека денеска ќе бидат транспортирани до аеродромот – се наведува во соопштението.
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ