Кинеската полиција уапси 19 лица, меѓу кои четворица британски државјани, поради обвинение за користење дрога во покраината Џангсу, соопшти Британската амбасада во Пекинг.
Меѓу уапсените се 16 странци, седум наставници и девет ученици, кои минатата недела се задржани во притвор откако биле позитивни на тестовите за дрога.
Засега не е објавено државјанството на останатите уапсени странци.
Полицијата не прецизира за која дрога станува збор.