Скопската полиција приведе четири лица кои се осомничени за тешка кражба.
Станува збор за кражба која се случила ноќта на 22 наспроти 23 декември на паркингот спроти Скопски саем.
Според МВР, двајца од приведените искршиле задно лево лептир стакло и ја отклучиле вратата од паркирано возило „рено меган“ со битолски регистрации. Двајцата влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот и заедно со другите двајца одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.
Откако биле уапсени, тие во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.
Против нив, скопската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје.