Ексвисоки функционери, административци и лица кои вршат работи од јавен интерес се меѓу уапсените во голема полициска акција која утрово ја спроведе полицијата во Скопје. Акцијата се спровела на неколку локации низ Скопје.
– По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес, велат од МВР.
Неофицијално уапсени се десетина лица, а МВР најави детали во текот на денот.