Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничените се во притвор.
Двајцата разбојници на 16.10.2017 година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка. Тие физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото со дрвен стап и обраќајќи и се со зборовите „каде се парите“. Притоа, со употреба на сила и сериозна закана од оштетената одзеле пари во износ од 20.000 денари и една златна паричка.