Уапсени двајца кавадарчани за поседување марихуана

269

Двајца кавадарчани биле лишени од слобода во саботата навечер од страна на полициски службеници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека полицајците ја откриле марихуаната кај 32-годишниот Н.А и две години постариот Б.Г, кои се движеле по улицата „Ѓорѓи Соколов“.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...