Во СВР Скопје вчера во 19.30 часот на булевар „Партизански одреди“ биле лишени од слобода М.Д.(48) и В.З.(31) и двајцата од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба’’.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.