Фатима Алас (38) проститутка од Јордан која наводно ширела ХИВ низ Србија е уапсена денес. Таа е казнета со 20-дневен затвор и префрлена е во женскиот затвор во Пожаревац, јавуваат српските медиуми.
Фатима минатата година во август дошла во Србија како мигрант, а била сместена во Прифатниот центар за бегалци во Кикинда, од каде избегала пред еден месец.
Во Кикинда, Суботица и Белград се бавела со проституција. Според незванични информации Јорданката е заразена со сида, а за сега е непознато дали ја пренела болеста на некој муштерија, но се стравува дека заразила околу 500 луѓе.
Таа „ординирала“ во паркот кај Економскиот факултет и околу Главната автобуска станица. Наводно имала по пет клиенти на ден.
Мигрантката од Јордан полицијата ја пронашла во Белград и веднаш контактирала со брзата помош која ја однела од местото на приведувањето.