Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, по минималната победа (1:0) над Бриж во 4. коло од Лигата на шампионите, истакна дека е извојувана на тежок начин. Тој додаде и дека парижаните направиле доста грешки.
– Во Лигата на шампионите, понекогаш мора да се мачите. Бриж не загуби околу 25 меча, а потоа два пати загуби од нас. Против таков тим, сè не може да помине без некои маки. Во првите 15 минути премногу често грешевме – изјави Тухел.
ПСЖ со новите три бода го обезбеди учеството во плеј-офот од елитното натпреварување. Парижаните се први на табелата во А-групата со 12 бода, пет повеќе од Реал Мадрид. Бриж е трет со два бода, Галатасарај е последен со само еден бод.
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ