Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека вестите од Кореја и она што во последните денови го доживеал на Балканот покажуваат дека „невозможносто може да стане можно“.
„Она што го чув од Кореја и што го доживеав на Балканот во последните денови би требало да биде позитивен потсетник за сите: Невозможното може да стане можно и оти се зависи во целост од добрата волја и храброст на одделни луѓе“, напиша Туск на Твитер.
Со учеството на Процесот Брдо Бриони во Скопје, Туск ја завршува неколкудневната балканска турнеја.